Белгијците се скептични дека нивната земјата ќе може да одигра значајна улога за време претседавањето со Европската Унија во текот на првата половина од 2024 година, покажува анкетата на Центарот за истражување на политичкиот живот (ЦЕВИПОЛ), Институтот за европски студии и Слободниот универзитет на Брисел (УЛБ).
Според анкетата, како што објави весникот „Соар“, само 15,7 отсто од Белгијците веруваат дека земјата може „да ги промени работите во Европа на подобро“ за време на нејзиното претседавање со ЕУ, чие мото е „Заштити, Зајакни, Подготви“, а 53,6 проценти имаат спротивно мислење.
Анкетата покажува и дека 53,1 отсто од Белгијците знаат дека нивната земја е иден претседавач со Унијата, 72 проценти веруваат дека ЕУ има влијание врз нивниот живот, а 70 отсто дека членството на Белгија во блокот е „добра работа“.
Од вкупниот број анкетирани, позитивна оценка за белгиската Влада дале 35,4 отсто, за Федералниот парламент – 37,6 проценти, а за Европската унија – 44,4 отсто.
Според аналитичарот на Институтот за европски студии, Франсоа Форе ваквите резултати укажуваат дека Белгијците изразуваат скептицизам кон белгиските национални институции, а не кон самата Европската Унија. Од таму, како што нагласи Форе за „Соар“, се и „малите очекувања“ на Белгијците од претседавањето со ЕУ.