Израелските и катарските власти денеска се среќаваат во Норвешка во обид да ги обноват разговорите за ослободување на заложниците во Газа, во замена за прекин на огнот и ослободување на палестинските затвореници од Израел, јави њујоршкиот весник „ Волстрит Џурнал“.
Британските медиуми јавуваат дека во Осло ќе се сретнат катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман ал Тани и директорот на израелската разузнавачка служба Мосад, Давид Барни.
Барни треба да се сретне и со египетските претставници, додаваат британските медиуми.
Значајни пречки го оневозможуваат продолжувањето на преговорите за нов договор за заложниците, меѓу доминантни се несогласувањата околу одредени услови на Хамас, додаваат изворите на њујоршкиот весник.
За време на седумдневното примирје кон крајот на ноември, Хамас ослободи повеќе од 100 жени, деца и странци, а за возврат 240 жени и тинејџери беа ослободени од палестинските затвори.