Дискриминацијата ја има насекаде во Холандија, а тоа не се изолирани инциденти, туку има структурни форми на дискриминација што постојат во училиштата и на работното место, заклучи Државната комисија против дискриминација и расизам врз основа на постоечките извештаи и разговори што беа спроведени од истражувачи со експерти и други засегнати страни од различни сектори.
Според тврдењата на Комисијата, луѓето се дискриминирани врз основа на религија, политичко убедување, раса, пол, попреченост и сексуална ориентација, и покрај фактот што Првиот член од холандскиот Устав им дава еднаков третман на сите, пишува „НЛ. Тајмс“.
Авторот и новинар Јорис Лејендијк во својата книга дефинира седум карактеристики на луѓето кои не се соочуваат со дискриминација, а тоа се машкиот пол, хетеросексуалноста, белата боја на кожата, барем еден родител роден во Холандија и барем еден високообразован родител. Тој човек да завршил најмалку средно образование и факултет.
-Владата треба да одлучи какво однесување се толерира, а кое не претставува норма, вели претседателот на Комисијата Џојс Силвестер.
Министерот за внатрешни работи во заминување, Хуго де Јонг, коментира дека наодите на Комисијата се „нешто за што треба да се размисли“ и дека ќе го сврти вниманието на владините организации за подобрување на постојните политики.