Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Германска воена единица ќе биде трајно распоредена во Литванија

 Главниот дел од германската воена единица што ќе биде распоредена во Литванија ќе почне да пристигнува во 2025 година, а целосна борбена готовност ќе достигне до 2027 година, изјави денеска на прес-конференција литванскиот министер за одбрана Арвидас Анусаускас.

Германскиот министер за одбрана Борис Писторијус денеска изјави дека договорот за трајно распоредување на германската бригада во Литванија е „историски момент“, инсистирајќи дека ова е првпат Германија долгорочно да стационира свои војници надвор од нејзините граници.

„Сакаме и сме подготвени да ја браниме територијата на НАТО“, рече Писторијус на заедничката прес-конференција со неговиот литвански колега Анусаускас. 

Зачлени се на нашиот е-билтен