Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

РИК реагираше на протестите: Незадоволството на опозицијата е испратено на погрешна адреса

– Претседателот на Републичката изборна комисија (РИК), Владимир Димитријевиќ, изрази загриженост од протестот предизвикан од незадоволството на опозициските партии од изборните резултати, кој прераснал во насилство пред седиштето на РИК. Тој нагласи и дека РИК не е одговорна за спроведување на изборите во Белград, а незадоволството што се манифестираше на протестите пред РИК е испратено на погрешна адреса, јави дописникот на МИА од Белград.

– Со собирот пред РИК свесно се попречува нашата работата и врши притисок за спроведување на избори за пратеници, за кои е надлежна РИК. Незадоволството од изборните резултати никогаш не довело до физичко насилство, изјави Димитријевиќ и остро го осуди физичкиот напад врз директорот на Републичкиот завод за статистика Милорад Ковачевиќ и неговите соработници и врз членовите на РИК, како и последиците за кандидатите за Парламентот од изборната листа Србија против насилството, се наведува во соопштението на РИК.

Како пример за насилството во седиштето на РИК, Димитријевиќ го прикажа материјалот запленет од полицијата, меѓу кои имало ножеви, палки, шипки и слични реквизити, „кои очигледно биле употребени за насилство врз РИК“.

– Од моја позиција, моја должност е да го заштитам интегритетот на целиот изборен процес што го спроведува изборната администрација, на чие чело е РИК, а за целото време додека раководев со работата на РИК никогаш не ни помислував дека ќе морам да се грижам за физичката безбедност на неговите членови и службените лица кои даваат стручна помош, посочи Димитријевиќ.

Тој изрази надеж дека по „денешните немили настани ќе се разбуди разумот кај сите кои сакаат на манифестен и неприфатлив начин да влијаат на изборниот процес“ и дека „вжештените страсти ќе се смират и ќе се вратат во доменот на легална и легитимна политичка борба во согласност со прописите со кои се уредуваат изборните процедури“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен