Пет ракети беа истрелани од Газа кон централен Израел, јави денеска „Тајмс оф Израел“. Ова се првите ракети што го гаѓаа подрачјето на Тел Авив во последната недела.
Предупредувачките сирени се огласија во јужниот дел на Тел Авив, Јафа и Бат Јам.
Израелските сили пресретнаа една од петте истрелани ракети.
Одговорноста за гранатирањето ја презеде Хамас.