Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пентагон соопшти дека нападите на Хутите врз танкери во Црвеното Море претставуваат закана за глобалната трговија

– Шефот на Пентагон, Лојд Остин денеска ги осуди „невидените“ напади на јеменските бунтовници Хути против меѓународниот поморски превоз во Црвеното Море и рече дека тие претставуваат закана за глобалната трговија.

„Министерот Остин ги осуди нападите на Хутите врз меѓународниот поморски превоз и глобалната трговија, нарекувајќи ги без преседан и неприфатливи, и истакна дека нападите го загрозуваат слободниот проток на трговијата“, рече портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Пат Рајдер.

Во меѓувреме, Хутите изјавија дека ќе продолжат со нападите во Црвеното Море и дека таму би можеле да вршат операција приближно на секои 12 часа. Групата ги засили нападите со ракети и беспилотни летала, кои ги започна минатиот месец против меѓународни бродови како одговор на операцијата на Израел во Појасот Газа. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново