Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Украинската армија бара мобилизација на уште 500.000 војници, Зеленски се двоуми

 Украинската армија ќе мобилизира уште 500.000 војници, изјави синоќа претседателот Володимир Зеленски и додаде дека „побарал од военото раководство“ да даде детали за оваа „многу чувствителна работа“ пред тој да одлучи „дали ќе ја исполни нивната желба“.

„Таквата голема мобилизација ќе ја чини Украина неверојатни 500 милијарди гривни (12,2 милијарди евра)“, рече Зеленски на прес-конференција.

Според него, треба да се размисли и дали веќе ангажираните војници ќе бидат ротирани на фронтот или ќе им биде дозволено да си одат дома по речиси 22 месеци борба.

Статистиката на Министерството за одбрана посочува дека украинската армија во октомври имала речиси 800.000 војници. Ако се вклучат Националната гарда и другите единици, вкупно еден милион Украинци се веќе во униформа.

Зеленски исто така рече дека е сигурен дека САД ќе го исполнат ветувањето дека ќе му дадат милијарди долари за да му помогнат да ја продолжи борбата против Русија.  На прашањето дали Украина може да ја загуби војната, тој одговори „Не“!

Тој, исто така, негираше дека Русија била поуспешна оваа година бидејќи нејзините сили во голема мера ја одбиле контраофанзивата на Украина и го зголемиле военото производство.

„Русија не успеа да постигне ниту една од своите цели оваа година“, тврди Зеленски, иако тој призна дека Украина сè уште се соочува со „многу предизвици“ откако ја потроши западната воена опрема во контраофанзивата што не ги промени значително 1.000 километри од линијата на фронтот.

Зачлени се на нашиот е-билтен