Овогодинешната празнична кошничка е најскапа во Хрватска досега, според хрватските синдикати, пренесува ХРТ.
Според хрватските синдикати, најобилната празнична корпа во Хрватска чини 417 евра, а најскромната 98 евра.
– Само најбогатата кошничка е вистинската кошничка во духот на традициите, забележува претседателот на Независните хрватски синдикати, Крешимир Север.
Тој додава дека во најевтината можна потрошувачка кошничка за празниците би се собрале само производи со попуст. Сите производи кои Хрватите традиционално ги купуваат за божиќните празници не можат да се најдат на попуст. Најскапиот производ на хрватските пазари деновиве е рибата, која е задолжителен дел од католичката бадникова трпеза.
– Сигурно ќе потрошиме (вкупно) повеќе од 3,2 милијарди евра, објаснува Север.
Некои луѓе навистина обрнуваат внимание на секој цент затоа што мораат, забележува ХРТ. Други пак велат „Бадник е, Божиќ е, празници се, ако сега не трошиме, тогаш кога?“.
На 1 јануари 2023 година, Хрватска влезе во еврозоната и го усвои еврото како своја валута.