Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Трајан Гоцевски: Потребен е консензус за државните и националните интереси, во ЕУ, НАТО или ОН влегува целото македонско општество

„Првото клучно прашање кое секој добар аналитичар го поставува е немањето слух за државните и националните интереси на државно ниво, зад кои се застанува и не се напуштаат за 50-100 години. Се настојуваше повеќе пати тоа да се направи и не се случи. Иако имавме консензус за зачленувањето во ЕУ, НАТО и ОН, и денес одредени групации сепак не застануваат зад тоа“, рече Трајан Гоцевски, прв министер за одбрана и член на Советот за безбедност, во Утринската програма на Слободен печат.

Тој додаде дека потребен е национален консензус бидејќи во ЕУ, НАТО или ОН влегува целото македонско општество, а не само еден дел.

„Затоа се бара национален консензус и единство, за да можеме тие интеграции да ги довршиме“, потенцираше Гоцевски.

Тој додаде дека не може со балкански манири да сакаме и бидеме модерна Европа, и дека не треба да ја засечуваме државата за бизнис и други интереси.

Целото интервју со Гоцевски можете да го погледнете тука:

Зачлени се на нашиот е-билтен