Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Загрижувачки раст на боледувањата во Словенија

Словенија бележи раст на работниците кои користат боледување. Минатата година во Словенија имало рекордни 56.128 вработени на боледување, што е за 84,8 отсто повеќе од 2014 година.

Болничкиот систем во Словенија нема временско ограничување и затоа не може да се споредува со другите европски земји. Таков систем во Европа има само Бугарија.

-Ситуацијата е загрижувачка во последните години, предупредува Ана Водичар, раководител на областа за одлучување за права и медицински производи во Словенечкиот завод за здравствено осигурување. Рекордер во Словенија е човек кој 12 години е на боледување.

Бугарија е единствената која сè уште има таква регулатива. Во странски системи, привремената спреченост за работа обично трае една, можеби и три години. Потоа, ако некој е сè уште неспособен за работа, потрајна форма на неспособност или привремена неспособност.

-Ако во 2014 година сè уште имавме околу 225 милиони расходи од фондот за здравство, лани исплативме речиси 700 милиони евра. Тоа се огромни зголемувања. И затоа е толку загрижувачки, рече Водичар.

Минатата година просечното боледување во Словенија траеше 13,4 дена, но времетраењето варира од регион до регион. Најдолгото боледување било во Корушка и траело 19 дена, додека најкраткото боледување било во Горишка и траело 11 дена.

Извор МИА

Зачлени се на нашиот е-билтен