Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Албански медиуми: Специјалниот суд за воени злосторства во Косово продолжува со работа; „Рајска Бања“ под надзор на полицијата; албанската влада на дводневна работна седница во Шенѓин

Специјалниот суд ќе продолжи со работа по тринеделна пауза. Според календарот, од вторник до петок пред судот ќе се појави Пјетер Шала,а следната недела ќе продолжи судењето за поранешните водачи на ОВК Хашим Тачи, Кадри Веселин, Јакуп Красниќ и Реџеп Селими.

Премиерот Еди Рама ќе го свика владиниот кабинет на дводневен состанок на „Рана е Хедхун“, на брегот на Шенѓин.  Состанокот за повлекување ќе се одржи денеска и утре (9-10 јануари).

КОСОВО

РТВ 21: Специјалниот суд продолжува со работа, овој месец се очекува одлуката за Пјетер Шала

Специјалниот суд ќе продолжи со работа по тринеделна пауза. Според календарот, од вторник до петок пред судот ќе се појави Пјетер Шала.

Во меѓувреме, следната недела ќе продолжи судењето за поранешните водачи на ОВК Хашим Тачи, Кадри Веселин, Јакуп Красниќ и Реџеп Селими. Овој месец се очекува судот да одлучува за случајот со Пјетер Шала, кој е обвинет за воени злосторства, пренесе РТВ 21.

Газета Експрес: Полицијата ја чува „Рајска Бања“, од  МВР се уште нема одлука  за што ќе се користи

Косовската полиција продолжува да го чува туристичкиот комплекс „Рајска бања“ во Бањска-  Звечани.

Косовската извршна власт се уште не одлучила за што ќе се користи овој објект, кој со одлука на косовската агенција за приватизација е предаден на Министерството за внатрешни работи, пренесе Газета Експрес.

Зери – Хаџиу: Граѓанскиот законик ќе се обработи годинава, не сме сигурни дали ги имаме гласовите

Министерката за правда Албулена Хаџиу изјави дека е жално што сме во 2024 година, а Косово се уште нема Граѓански законик, но според неа тој ќе биде процесуиран во текот на оваа година, пренесува Зери.

АЛБАНИЈА

Шќип: Рама ја свикува владата, два дена во Шенѓин – скенирање на работата на министрите и целите за 2024 година

Премиерот Еди Рама ќе го свика владиниот кабинет на дводневен состанок на „Рана е Хедхун“, на брегот на Шенѓин. Состанокот за повлекување ќе се одржи денеска и утре (9-10 јануари).

Покрај министрите, се дознава дека на средбата ќе присуствува и генералниот секретар на СП, Бленди Клоси, како и шефовите на собраниските комисии.

Во фокусот на дискусиите на овој дводневен состанок ќе бидат целите за 2024 година, како и анализа и евалуација на работата за годината што ја оставивме зад нас, пренесе Шќип.

КОЛУМНА

Коха: „Случката во Херцег Нови се држи во стаклен сад“

„Освен тоа што „три момчиња Албанци биле претепани веднаш штом излегле од бродот“, сите други факти се разнишани. Дали тоа беше „младинска работа“ во жештината на моментот, или поинаку?

Петмина од осумте сторители се уапсени – информираат од црногорската полиција. Но, зошто осум лица против тројца, особено од соседната држава? Ова никогаш не се случило во нашите кодови, било Црногорци или Албанци.“, пишува авторот Фрок Чупи во колумната „Случката во Херцег Нови се држи во стаклен сад“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново