Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВИДЕО Јовановски: „Неквалификувани Албанци” е спин на една националистичка групација со цел меѓуетничка омраза

Борјан Јовановски

„Еден тип на партиски послушници и клиентелизам извади на површина Албанци кои се апсолутно неквалификувани за работите кои ги работат и тоа понатаму се користи како спин од страна на една националистичка групација меѓу Македонците која тоа го користи за подгревање на албанофобијата“, рече новинарот Борјан Јовановски во емисијата „Политиканти“ на Слободен печат.

Тој додаде дека добар дел од контролорите Албанци, кои се професионалци, се на страна на Синдикатот.

„Незири се пресметува со нив. Тие му се главниот таргет и најголемиот проблем. Тоа е едно живо блато во кое тоне Али Ахмети и раководството на ДУИ без разлика што на пример одлични имаат министри, на пример, министерот за финансии“, потенцираше Јовановски.

Тој додаде дека во вториот и третиот ешалон се губи контролата и кај нив нема никаков однос кон институциите.

„Нема базично институционално почитување туку работат во строг интерес на партијата“, заклучи Јовановски.

Зачлени се на нашиот е-билтен