– Албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши изјави дека Албанија ќе испрати 22 војници и бродот „Илирија“ во мисијата на НАТО во Егејското Море, каде неколку години има свои војници и бродот „Бутринти“.
Тој нагласи дека Албанија, исто така, понудила да придонесе со уште над 100 војници во Романија, со цел дополнително зајакнување на источното крило на Северноатлантската алијанса.
-Мисија за 22 војници и бродот „Илирија“ во мисијата на НАТО во Егејското Море. Важно учество, активни сме во КФОР, најголемо присуство на Косово, во Бугарија сме со еден вод, понудивме да испратиме повеќе од 100 војници во Романија за зајакнување на источното крило на НАТО. Има осум мисии во кои активно учествуваме, рече Пелеши по денешната седница на владата.
Албанија во рамки на мисијата на КФОР на Косово има над 100 војници, а како што е најавено треба да замине дополнителен контингент од 40 војници.