Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Експлозија на бомба во близина на Министерството за труд во Атина

Експлозивен механизам бил поставен во текот на ноќта во центарот на Атина во близина на Министерството за труд на Грција, а од експлозијата е предизвикана мала материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина.

На експлозијата и претходел анонимен тефлонски повик во весникот „Ефимерида тон сидактон“ со предупредување дека е поставен експлозивниот механизам, кој ќе експлодира за 40 минути.

Од грчката полиција соопштија дека веднаш откако биле информирани од весникот, го затвориле просторот, а експлозијата се случила во 1.29 часот.

Неофицијално, експлозивниот механизам бил поставен во ранец оставен на тротоар во строгиот центар на Атина наспроти влезот на Министерството и во близина на банка.

Зачлени се на нашиот е-билтен