Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Албански медиуми: Мнозинството во Албанија сметаат дека корупцијата е сериозен проблем; за Курти, потребен е транзициски период за повлекувањето на српскиот динар во Косово

Речиси 86 отсто од испитаниците на анкетата на ИРИ сметаат дека корупцијата во Албанија е сериозен проблем. Додека 69 отсто од нив тврдат дека веруваат дека СПАК може да ја заврши својата работа без политички влијанија, пренесуваат албанските медиуми.

По одлуката на Централната банка на Косово за повлекување од оптек на српскиот динар во Косово, се отворија прашања околу начинот на исплата на косовските Срби, реагираше меѓународната заедница, а косовскиот премиер Албин Курти најави дека сепак е потребен транзициски период , пренесуваат косовските медиуми.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

ВОА – Анкета на ИРИ: Огромното мнозинство во Албанија ја гледаат корупцијата како сериозен проблем, имаат доверба во СПАК

Меѓународниот републикански институт  објави национално истражување за Албанија, каде граѓаните изразуваат голема доверба во СПАК, Специјалната структура против корупција и организиран криминал. Околу 1.800 граѓани на возраст над 18 години беа прашани за анкетата што ја спроведе студискиот центар ИДРА на целата територија.

Речиси 86 отсто од испитаниците сметаат дека корупцијата во Албанија е сериозен проблем. Додека 69 отсто од нив тврдат дека веруваат дека СПАК може да ја заврши својата работа без политички влијанија, пренесе Глас на Америка на албански јазик.

Опинион: Арбен Ахметај од бегството во Швајцарија платил 150 илјади долари за да лобира во САД

Регистарот на странски агенти во американското Министерство за правда покажува дека поранешниот вицепремиер, баран за корупција и перење пари, се наоѓа во Лугано, Швајцарија и дека ангажирал лобист со договор од 150.000 долари за борба против „лажни“ обвиненија во САД за корупција во Албанија, пренесе Опинион.

КОСОВО

Клан – Курти: Потребен е преоден рок за прашањето на српскиот динар

„Косовскиот премиер Албин Курти во вторникот изјави дека е неопходен преоден период за да се разјаснат и да се избегнат нејаснотии околу регулативата на Централната банка со која се забранува употребата на српскиот динар на Косово, поради загриженоста на западните дипломати за последиците од оваа одлука.“, пренесе Клан.

Зери: Ховениер раскажува дали ќе биде блокирана продажбата на Џавелин доколку Владата не ги послуша САД

„Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер, не одговори јасно со потврден или негативен одговор на прашањето дали непослушноста на Косово кон САД за прашањето за спроведување на регулативата ќе има влијание врз процесот на набавка на американски ракетни системи „Javelin“ на ЦБК која има за цел да ја елиминира употребата на српскиот динар во земјата.“, пренесе Зери.

КОЛУМНА

Коха: Европска капа за „динарската криза“

„Дали пензијата на косовските Срби зависи од брзината на блиндираниот автомобил кој физички ги носи парите во населените места на Косово или од брзината на електронскиот трансфер во банкарскиот систем, тоа е сега прашањето?“, пишува авторот Ветон Сурои во колумната „Европска капа за „динарската криза“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново