Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Што предвидуваат измените на Законот за субвенциониран студентски оброк?

Илустрација на Мета.мк
Илустрација на Мета.мк

Собранието ги донесе измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, со што се предвидени новини околу начинот на користење на оваа државна мерка за студентите, усвоени на предлог на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Согласно измените, доколку студентот не го искористи правото на субвенционирање на оброк во некој од деновите, износот му останува достапен за користење на сметката до крајот на тековната седмица, заклучно со ден сабота.

Тоа значи дека субвенционираниот оброк ќе може да се користи на неделна основа, односно сите средства што студентот нема да ги искористи од понеделник до петок, ќе може да ги искористи најдоцна до сабота истата седмица.

На овој начин, доколку, на пример, не ги искористи средствата во работните денови, студентот во сабота на својата специјализирана картичка на располагање ќе има акумулирани 840 денари (6 дена по 140 денари – во случај да не искористи ништо во текот на неделата). Доколку не ги потроши во сабота, парите веќе во недела или понеделник следната седмица нема да може да ги користи.

Овие измени стапуваат на сила од 1 март.

Од присутните 120 пратеници во македонското собрание, за носење на законот гласаа 74 пратеници.

Зачлени се на нашиот е-билтен