Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Повик за професионалци и средношколци за брендирање на кампања за подигнување на свеста за органодонорство и трансплантацијата

Во рамки на Проектот за поддршка на системот за трансплантација во Република Северна Македонија, распишан е Повик за професионални дизајнери кои ќе имаат можност да достават свои креативни решенија за брендирање кампања за подигнување на свеста за органодонорство и трансплантацијата.

Повикот до професионалните дизајнери се однесува на дизајнирање сеопфатен пакет за брендирање преку креирање визуелни решенија (лого, постер, слоган), кои ефикасно ја подигнуваат свеста за критичната важност за донирањето органи и за трансплантацијата.
Целта на креативните решенија е да информираат и едуцираат, при тоа доловувајќи ја суштината на пораката за надеж, живот и единство, како асоцијација на хуманиот чин на органодарување.

Секој дизајнер може да аплицира со еден пакет за брендирање, а петчлено жири ќе одлучува за доставените решенија.

Во рамки на овој проектот за поддршка на системот за трансплантација во Република Северна Македонија објавен е и Повик за визуелни дела за средношколци, кои ќе одлучат да подготват и достават свои креативни решенија врзани за подигнување на свеста за органодонорство и трансплантација.

И повикот за средношколци има за цел да иснпирира креативни решенија за да информираат и едуцираат за суштината на органодарувањето и трансплантацијата.

И двата повика се дел од проектот „Поддршка на системот  за трансплантација во Република Северна Македонија“, финансиран од ЕУ, што се спроведува во соработка со Министерството за здравство, (во реализација на Agriconsulting S.A. (Италија) и PLANET S.A. (Грција).

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново