Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бен Гвир: Денешниот ракетен напад врз Сафед значи војна

 Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир изјави дека денешниот ракетен напад врз базата на седиштето на северната команда во градот Сафед на северот на земјата значи војна.

„Ова не е повремен упад, тоа е војна. Време е да го оставиме концептот зад себе, а и на север“, напиша Бен Гвајр на социјалната мрежа „Икс“.

Тој, како што пренесува „Тајмс оф Израел“ повикувајќи се на Канал 12, побарал итна средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за да се разговара за ескалацијата на насилството на северот на земјата.

Израелскиот опозициски политичар Авигдор Либерман исто така повика на остар одговор на Израел на нападот врз Сафед.

„Црвената линија се претвори во бело знаме. Воениот кабинет му попушти на Хезболах и го загуби северот“, напиша Либерман на социјалната мрежа „Икс“. 

Најново