Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕЕСК официјално покрена иницијатива, во него има претставници од девет земји кандидати за членство во ЕУ

Економско-социјалниот комитет официјално покрена иницијатива во чии рамки има претставници од девет земји кандидати за членство во Европската унија. Вкупно 131 организација од Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Турција и Украина ќе учествуваат во работата на Комитетот, кој со тоа стана првата институција на Европската унија што ја отвори вратата за државите од преговарачкиот процес.

Во практична смисла, таа иницијатива значи дека избраните претставници ќе учествуваат во советодавната работа на Економско-социјалниот комитет преку придонес во процесот на изготвување избрани мислења, учество во студиски групи, состаноци на секции и избрани пленарни седници на Комитетот.Членовите ќе имаат советодавна улога, но нема да имаат право на глас.

Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) е консултативно тело на ЕУ и постои од 1958 година. Тоа е советодавно собрание составено од претставници на здруженија на работодавачи, синдикати и граѓански организации.

Целта на формирањето беше да се обединат различни економски интересни групи за формирање на единствен пазар. Создавањето на овој комитет овозможи нивниот глас да биде слушнат од клучните институции на ЕУ, ЕЕСК се претставува себеси како „мост меѓу Европа и организираното граѓанско општество“.

Претседателот на таа институција на отворањето на конференцијата, на која формално беа примени нови членови, истакна дека за граѓаните на земјите кандидати „трпеливоста постојано се тестира“.

„Исполнувањето на критериумите за пристапување нема да се случи преку ноќ, но има толку многу работи што можеме и треба да ги направиме заедно во меѓувреме“, рече Оливер Ропке.

Тој нагласи дека оваа иницијатива претставува важен чекор кон постепена интеграција на земјите кандидати уште пред тие да станат формални членки на Европската унија и изрази очекување колегите од земјите кандидати да ги донесат своите корисни искуства во работата на таа институција.

Еврокомесарката Вера Јурова, потпретседател на Европската комисија за вредности, рече дека проширувањето е заеднички интерес, двонасочна улица од која корист имаат и земјите кандидати и ЕУ. Таа ги повика земјите кандидати да се фокусираат на вредностите на демократијата и да се движат кон ЕУ почитувајќи ги заедничките вредности, особено владеењето на правото и слободата на медиумите.

На свеченоста присуствуваа премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ и шефот на албанската Влада Еди Рама.

Зачлени се на нашиот е-билтен