Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Албанија формирана Коалиција на обединетата опозиција

 Опозициските партии во Албанија денеска потпиша договор, со кој се формира „Коалиција на обединетата опозиција“, во кој стои дека два главни приоритети на политичката агенда се „гаранција за слободни и фер избори и потребата од координирање на напорите за враќање на плурализмот и функционалната демократија“.

На документот, на кој се потпишани лидери на 11 партии меѓу кои на лидерот на побројното крило на демократите, Сали Бериша, кој е во куќен притвор, лидерите на Партијата на слободата, Илир Мета, на Републиканската партија, Фатмир Медиу, како и Ванѓел Дуле, на Партијата за заштита на човековите права, партија на етничките Грци.

На средбата оценето е дека создавањето на обединет опозициски фронт докажува дека опозицијата е на потребната висина по политичката, економската и социјалната криза низ која минува Албанија.

Според Фламур Нока, кој го заменува Бериша, денешното обединување на опозицијата е во „согласност и со целосна почит кон гласот на 670 илјади Албанци кои гласаа за нејзината коалиција на 25 април 2021 година“.

– Единството на опозицијата е сигнал до Еди Рама дека со секое оружје на граѓанска непослушност ќе одговориме на неговите напори да го уништи плурализмот и Албанија да ја претвори во еднопартиска држава. Обединувањето на опозицијата ни е единствениот начин да го спречиме Рама да ја уништи Албанија. Им порачуваме на Албанците дека имаат алтернатива против власта. Обединувањето на опозицијата денес е национална потреба и овде и во дијаспората против режимот заснован на криминал, дрога и кражба на Албанците. Коалицијата е заштитна брана против Рама и против натамошната депопулација и осиромашување на Албанија, изјави Фламур Нока.

Додаде дека единството на опозицијата е зајакнување на пораката за големиот протест закажан за 20 февруари во Тирана. 

Зачлени се на нашиот е-билтен