Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СДСМ: МВР да одговори каква е улогата на Мицкоски во спречувањето на акцијата против дрога

Скандалот со шефот на обезбедувањето на Христијан Мицкоски со тепање полицајци, отвора многу дилеми за улогата на Мицкоски и МВРО – ВМРО, реагира денеска СДСМ во своето партиско соопштение.

Во соопштението се истакнува дека „едно е тепањето на полицаецот кој си ја вршел својата работа. Шефот на обезбедувањето на Мицкоски удри по инспектор кој спроведувал акција против дрога во кафе бар во Скопје, што го покажува вистинското, насилничко и криминално лице на ДПМНЕ. Второ е дали структурите на ДПМНЕ во ВМРО-МВРО, сега откако имаат министер, ја попречуваат борбата против дилерите со дрога?“.

СДСМ бара од МВР да одговори каква е улогата на Мицкоски во спречувањето на акцијата против дрога, а Мицкоски да излезе пред граѓаните и да објасни.

„Овој скандал мора да биде расчистен целосно. Институциите мораат да постапат и секој инволвиран да понесе одговорност“, пишува со соопштението на СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен