Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЦИВИЛ: Отворено писмо до граѓаните на Руската Федерација

Почитувани граѓанки и граѓани на Руската Федерација,

Со тешко срце, жалиме за смртта на Алексеј Навални, лидер на борбата за демократија и човекови права, кој стана жртва на безмилосниот режим на еден геноциден диктатор. Иако телото на Навални подлегна на бруталноста на режимот, неговото наследство живее, овековечено во срцата и умовите на илјадници храбри руски граѓанки и граѓани кои, во чествувањето на неговиот живот, се соочуваат со бруталност и смрт од рацете на руската влада.

Името на Навални и неговиот неуморен стремеж за демократија и човекови права, опстојуваат во срцата и умовите на слободољубивите луѓе ширум светот, како и во Руската Федерација.

Одговорноста за смртта на затвореник е на државата! Итно ги повикуваме руските власти да дозволат независна истрага за околностите на смртта на Алексеј Навални во сибирската казнена колонија.

Се придружуваме кон барањата за ослободување на сите политички затвореници во Русија!

Ставете крај на полициската бруталност и угнетување врз граѓаните!

Прекинете ја геноцидната војна против Украина!

Прекинете ја хибридната војна против демократските нации!

Одведете го Путин пред Меѓународниот суд на правдата да му се суди за неговите злосторства!

ЦИВИЛ / Цивил Медиа

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново