Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

За утрешниот протест на албанската опозиција ангажирани над 1.100 полицајци

Албанското Министерство за внатрешни работи ги презентираше мерките што ќе ги преземе за одржување на редот и безбедноста поради утрешниот протест на опозицијата, свикан од демократите.

„Поради најавениот протест на опозицијата, за утре во 17:30 часот, на терен ќе бидат над 1100 полицајци, вклучително и припадниците на специјалната единица „Ренеа“, единицата за брзо распоредување, како и  Националната гарда. Ќе има и цистерни со вода доколку има потреба во случај на инциденти. Полициски кордон ќе има пред објектот на Влада и периметарот околу него“, соопшти полицијата.

На терен ќе бидат вклучени и цивилни агенти кои ќе го следат текот на протестот, а вратите на владата ќе бидат заштитени со метална обвивка. Полицијата постави камери со висока резолуција долж целиот булевар „Народни херои“. Забрана за сообраќај ќе има на овој и на плоштадот „Мајка Тереза“, како и повеќе улици во ова подрачје на Тирана, два часа пред почетокот па се до завршување на протестот.

Протестот, кој го организира крилото на ДП, приврзаници на Сали Бериша, ќе се одржи под слоганот „Или денеска, или никогаш“ а е поддржан од други партии, меѓу кои и Партијата на слободата на Илир Мета, но, до сега не и од групата на лидерот на ДП, Љуљзим Баша.

Зачлени се на нашиот е-билтен