Изборот ќе биде или за продолжување на европските интеграции, стабилност, Северна Македонија како кредибилна НАТО членка и сериозна членка за членство во ЕУ 2030 година, или нови авантури коишто не знаеме како ќе завршат, авантури коишто сигурно ќе отворат прашања
Ова е веќе почеток на кампања и секоја партија има легитимно право да изнесува предлози и идеи. Нашиот фокус е обезбедување на вториот мандат на Стево Пендаровски, кој треба да донесе стабилност, сигурност и европски пат. Секоја партија што ќе се фокусира на тоа ќе биде и наш партнер, изјави првиот вицепремиер за европски прашања и секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ.
-Сигурно и СДСМ ќе има во текот на кампањата и новитети и предлози, идеи кои ќе ги соопштат. Наш фокус е да избереме претседател којшто ќе не води напред, претседател којшто ќе ја продолжи стабилноста на таа функција, стабилнсота на државата, и којшто е на вистинаката страна во однос на европските интеграции. Стево Пендаровски е гаранција за тоа и затоа целосно застануваме зад него. Јас сум сигурен дека и други политички партии ќе застанат зад претседателот Пендаровски, нашиот актуелен претседател, и дека ќе го избереме на 24 април и на 8 мај. Во текот на кампањата и по кампањата ние сме подготвени да ги чуеме тие идеи, секако да ги коментираме, но мислам дека фокусот треба да биде на она што ни е задача, да стабилизираме државата да избереме претседател, институции, а потоа може да дискутираме за се, вели Маричиќ на новинарско прашање за предлогот на ДУИ за избор на претседател со двотретинско мнозинство во Парламентот и за избор и на потпретседател, по церемонијата на потпишувањето договори за пет грантови јапонска помош.
Во контекст на уставни измени, тој нагласи дека раговарале и ќе разговараат со ДУИ како колициски партнери.
-ДУИ е наш коалиционен партенр. Секоја партија има право да истакнува свои барања. Нормално допрва ќе разгледаме во делот на уставните измени поврзани со бугарската заедница во Уставот. Тука немаме никакви дилеми. Ние сме го промовирале тоа и заедно во Владата. Во однос на сите други прашања допрва треба да се разгледува и нашиот фокус се избор на претседател на РСМ и обезбедување на вториот мандат на господинот Пендаровски, којшто треба да донесе стабилност, сигурност и европски пат. Секоја партија што ќе се фокусира на тоа ќе биде и наш партнер, вели Маричиќ.
Прашан за кандидатурата на Бујар Османи за претседател од редовите на ДУИ, Маричиќ вели секоја партија има право да го направи тоа, има добро мислење за Османи, колеги се долго време, но, посочува, претседателот Пендаровски е нивен фаворит на овие избори.
-Претседателот Пендаровски, ние се бориме за него. Очекувам дека и во второт круг ќе се заврши со негова победа. И порано имале партии коишто истакнувале свои кандидати меѓутоа ќе биде клучно во вториот круг сите да се обединиме во една точка затоа што вториот круг со двајца кандидати ќе биде сликата едноставна. Изборот ќе биде или за продолжување на европските интеграции, стабилност, Северна Македонија како кредибилна НАТО членка и сериозна членка за членство во ЕУ 2030 година. Од друга страна ќе имаме понуда за нови авантури коишто не знаеме како ќе завршат, авантури коишто сигурно ќе отворат прашања, многу други прашања поврзани и со уставните прашања, но и со многу други отворени дилеми околу тоа каде ќе се движи државата. Ние немаме дилеми каде ќе се движи државата. Нашата понуда е стабилносот, сигурност и вистински пат и затоа сум убеден дека таа опција ќе победи во првиот круг на претседателските избори, нагласи Маричиќ.
На прашањето дали со излегувањето со свои претседателски кандидати ќе падне во вода излегувањето со заднички листи со ДУИ и со крилото на АА на Села, на изборите, Маричиќ вели дека тоа не е исклучено.
-Досега не е тоа исклучено. Ние рековме објавивме фронт, една желба за европски блок или европски фронт, како што го нарекуваат. Како и да биде СДСМ ќе биде носител на тој фронт кој ќе се приклучи и кој, со кој ќе успееме да се договориме ќе видиме. Во наредните денови ќе има сигурно разговори на таа тема. Ние се уште не сме го заокружиле форматот на коалицирање за парламентарните избори, за претседателските веќе е јасно. Меѓутоа, наша цел е сите оние партии коишто веруваат во овие вредности коишто ги промовираме и за кои веруваме, нормално со сите недостатоци коишто сакаме да ги измениме, да ги подобриме во идниот мандат. Јас сум сигурен дека ќе најдеме заеднички јазик како и да се договориме, дали во еден заеднички блок или во повеќе од еден блок, целта треба да биде иста, а тоа е по 8 мај државата да има сигурна иднина и да не се дозволат авантури коишто ќе не вратат минимум 15 години назад, дециден е Маричиќ.