Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ФОТО НА ДЕНОТ) Граѓаните излегоа да ја одбележат двегодишнината од руската инвазија врз Украина

Луѓето се собираат на Алејата Украина од каде ќе започне протестен марш до руската амбасада по повод втората годишнина од руската агресија врз Украина.

Протестниот марш е во организација на Здружението на Украинците во С. Македонија „Лесја Украинка“и започна од Алејата „Украина“ во центарот на Скопје (пред хотел „Мериот“ на плоштад „Македонија“), и ќе завршипред амбасада на руската федерација, каде што се очекува изјава од претседателот на здружението, Олександр Урбанович.

Здружението упати покана до сите граѓанки и граѓани кои ја поддржуваат борбата на Украина за слобода, да ѝ се придружат на оваа манифестација.

Зачлени се на нашиот е-билтен