Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лавров ќе присуствува на Дипломатскиот форум во Анталија

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска најави дека шефот на дипломатијата Сергеј Лавров ќе присуствува на Третиот дипломатски форум во Анталија, што ќе се одржи од 1 до 3 март.

Лавров ќе отпатува за Турција на покана на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

Захарова истакна дека на средбата Лавров – Фидан ќе се разговара за регионални и меѓународни прашања, вклучително и билатералната соработка во областа на енергетиката, безбедноста, банкарството и туризмот, како и за ситуацијата во Украина, Јужен Кавказ, Сирија, Либија и за Палестинците. 

Зачлени се на нашиот е-билтен