Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зеленски: Балканските земји се под закана од Русија; Рама: Има реална закана од Русија, не треба да си играме со оган

Албанскиот премиер Еди Рама и украинскиот претседател Володимир Зеленски на заедничката прес-конференција по Самитот Украина – Југоисточна Европа, предупредија на руската закана на Балканот.

-Фактот што сме денесka овде, на заедничка маса, е важен пример дека дојдовме и станавме обединети. Мислам дека ова што се случува сега е вистинскиот пример. Не обрнуваме внимание на провокациите, бидејќи тие само разделуваат. Денешниот самит е за обединување. Мислам дека Русија ќе се обиде да ја дестабилизира ситуацијата. Русија доаѓа до заклучоци за грешките што ги направила на територијата на Украина, па затоа ќе се обиде да дестабилизира пошироко, истакна Зеленски.

Верувам, додаде тој, дека под закана се „балтичките земји, Молдавија, балканските земји каде што беше присутен Советскиот Сојуз“.

Во однос на истото прашање Рама истакна дека „има многу лекции што можеме да ги научиме од нашата историја на Балканот, но она што се случува во Украина е уште една лекција“.

-Постои јасна и реална опасност за Западен Балкан поради руската агресија. Она што се случува таму, може да се повтори на различни начини, ставајќи ги под знак прашалник основите на нашиот светски поредок. Не е свет каде кој е поголем и кој има повеќе војници може да напаѓа помали земји. Тоа му припаѓа на средниот век. Продолжуваме заедно да одиме напред, посочи Рама.

Тој оцени дека „војната е блиску колку и ние овде“, и оти колку и да изгледа невозможно денес, тоа може да се случи.

-Не треба да си играме со оган. Мора да одржиме јасна позиција во однос на Украина. Се работи за нас, порача Рама, пренесува Топ чанел.

Зачлени се на нашиот е-билтен