Партизацијата доведе до девалвација на секоја професија, на секој сегмент во државата и сето ова што ни се случува сега е резултат на тоа, порача во емисијата Студио 10 на Телевизија 24, универзитетскиот професор Мерсел Биљали
Според него, потребен е мерит систем на секое ниво, од најниската позиција во државната администрација, па се до кандидатурите за претседател.
„Мислам дека ова што сега се случува во државата е последица на недостатокот на тој мерит систем но и на идеолошката матрица кај поголемите политички партии. Желбата за власт или за добивање функција е гола желба. Немаше да ме чуди ако бројот на кандидати е приближен на бројот на населението во државата. Тоа е резултат на недостаток на идеолошка матрица која има содржина, идел, за постигнување фундаментални цели во општеството и во државата. Ако ги немате, а очигледно политичките партии ги немаат, значи вие ќе претендирате гола власт по секоја цена”, вели Биљали.
Биљали истакна дека за разлика од претходниот претседател Ѓорѓе Иванов кој до крај ја партизирал функцијата претседател, актуелниот претседател Пендаровски во своето работење се водел од општиот интерес, од интересите на граѓаните и државата.