Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ФОТОГАЛЕРИЈА Што откри конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ?

Емил Димитриев, Трајко Вељаноски, Зоран Ставрески, Борис Змејковски, Илија Димовски и Владимир Пешевски (Фото: Б. Грданоски)

Познатите вмровски фигури од пред десетина години се појавија заедно во јавноста. Луѓето и партијата се собираат заедно кога мислат дека власта е на дофат

Собирите, како што беше конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ минатата сабота за избор на кандидат за претседател на државата, може да откријат многу нешта. И да се потсетиме на некои лица кои беа „команданти“ на многу процеси во државава до пролетта 2017 година.

Сегашново раководство на ВМРО-ДПМНЕ постојано тврди дека партијата е при крајот на својата регенеративна фаза, дека раководството е освежено со млади кадри, дека разбрало оти некои моменти од неговото владеење сѐ уште се споменуваат како особено мрачни моменти во македонската независност.

Но кога се во прашање избори кои се со голем влог и по кои партијата верува дека повторно ќе го преземе раководењето со државата, тогаш треба да се претстави заедништвото, помирување со сите што можеби мислат поинаку и враќањето во јатото треба да биде лежерно, како природен процес. Се разбира, не беа сите делегати на конвенцијата. Најголем дел од нив беа гости, но нивното појавување треба да покаже дека работите во партијата конечно се смирени.

Старите „револуционерни“ кадри Аце Миленковски и Александар Флоровски (Фото: Б. Грданоски)
И познатиот енергетски стручњак Константин Димитров (крајно десно) беше гостин на конвенцијата (Фото: Б. Грданоски)

Фотографијата од конвенцијата на која стојат еден до друг Емил Димитриев, Трајко Вељаноски, Зоран Ставрески, Борис Змејковски, Илија Димовски и Владимир Пешевски, е навраќање на едни години, на кои вмровското ткиво сака толку многу да се сеќава, а друг дел од општеството посакува такво владеење никогаш да не се повтори.

Меѓу гостите беше и познатиот енергетски стручњак Константин Димитров, кој постојано е против сите проекти што ги предлага сегашнава влада не само за енергетска независност туку и за енергетска транзиција. Тој е еден од главните заговорници дека странски инвестиции во енергетиката се најмалку потребни, дека државата треба да се погрижи за сѐ.

Околу лидерот истите лица од пред десетина години (Фото: Б. Грданоски)
Двајцата потпретседатели, Александар Николоски и Владо Мисајловски, еден до друг (Фото: Б. Грданоски)
На првото столче лево од лидерот седеше потпретседателот Тимчо Муцунски (Фото: Б. Грданоски)
Владимир Ѓорчев раздраган како порано (Фото: Б. Грданоски)

На конвенцијата можевте да видите и некои од осудените за 27 април. Тие самите за себе се чувствуваат херои, за другите присутни се политички прогонети луѓе.

Расположени може да ги видите и двете познати вмровски фигури од „Љупчовото време“ – Аце Миленковски и Александар Флоровски. До лидерот Христијан Мицкоски беа истите луѓе кои седаеа најблиску до неговиот претходник, Никола Грувески. Тука се Александар Николоски, Антонио Милошоски, Владо Мисајловски… Партијата си ги собира луѓето кога мисли дека власта е на дофат. (Независен)

Зачлени се на нашиот е-билтен