Забрчанец: Слободниот пазар на труд во Отворен Балкан е чекор кон единствениот европски пазар на труд

„Единственито пазар на труд е европска пракса кон која се стремиме. Не можам да се согласам дека за да нема одлив на луѓе, треба да ги затвориме границите и да влеземе во изолација. Ако зборуваме за отворени граници, тоа значи слободен проток на луѓе“, рече националниот координатор за Отворен Балкан и регионални иницијативи во Владата, Марјан Забрчанец во утринската програма на „Слободен печат“.

Тој додаде дека со оваа мерка ќе се пополнат дупките или празнините на пазарите на труд во трите земји – Северна Македонија, Албанија и Србија.

„Знаеме за конкретни примери кои веќе контактираат со Агенцијата за вработување, компании од Куманово и Струга кои таргетираат потенцијални работници од Врање и пограничниот дел на Албанија кај Струга. Ќе имаме и прилив на работна сила“, рече Забрчанец.

Националниот координатор додаде дека оваа европска мерка ги почитува и се залага за слободите на проток на луѓе, услуги, стоки, производи и добра.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?