Во склоп на активностите кои ги спроведува дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска под името „Гласна и Храбра 2“ денес заедно со министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, заменичката министерка за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ и сопругата на претседателот на СДСМ, Елена Ковачевска присуствуваа на работилница каде беа изработувани рачни изработки и каде се украсуваана предмети со техника декупаж.
Пред започнување на работилницата тие го посетија и осмомартовскиот саем во Градскиот трговски центар.
Активностите кои се спроведуваат во склоп на „Гласна и Храбра 2“ имаат за цел да ги поттикнуваат жените на поголемо вклучување на пазарот на трудот и нивна економска независност и напредок. Потребата за повеќе работници на пазарот на труд, но и статистичките показатели дека 45% од жените не се активни на пазарот на труд е темелот на овогодишните приказни и движења.
На работилницата присуствуваа и деца од Јавната установа Детски дом „11 Октомври“- Скопје и деца од дневниот центар за деца со даунов синдром „Доза Среќа“.