Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Албанија ќе им дозволи учество во избори на лица депортирани или осудени со неправосилна одлука од друга држава

 Албанија ќе го менува законот за декриминализација, со што ќе се дозволи изборна кандидатура за лица кои се депортирани или осудени со неправосилна одлука од друга држава.

-Социјалистичката партија предложи 17 точки со кои предлага менување на изборните правила. Една од точките е членот два од Законот за декриминализација, со кој се забранува во изборни процеси да учествуваат лица депортирани или осудени со неправосилна одлука од друга држава. Досега лицата кои имаат барем една пресуда во друга држава, дури и да не е конечна, не можеа да се учествуваат за избор во парламентот или локалната власт, ниту за членови на владата, јави Ора њуз.

Според истиот извор, ова ограничување во законот од 2015 година важело и за лицата кои се депортирани од земја членка на Европската унија, САД, Австралија и Канада.

-Отстранувањето на оваа забрана ОБСЕ/ОДИХР ја бараше од 2021 година, но оваа препорака досега не наиде на поддршка од политичките партии. Во Албанија од донесувањето на Законот за декриминализација во 2015 година, неколку високи функционери, главно градоначалници, се засегнати со овој член од законот, кој сега се бара да биде избришан, наведува Ора њуз.

Зачлени се на нашиот е-билтен