Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пригожин: „Вагнер“ ќе се повлече од Бахмут ако Москва не ја испорача ветенета поддршка

Шефот и основач на паравоената формација „Вагнер“, Евгениј Пригожин, предупреди дека неговите трупи ќе се повлечат од источниот украински град Бахмут ако Москва не им ја испорача ветената муниција. Со повлекувањето на „Вангер“ од Бахмут, рече тој, позициите на руската војска ќе бидат загрозени.

– Ако „Вагнер“’ сега се повлече од Бахмут, целиот фронт ќе се урне. Ситуацијата нема да биде убава за сите воени формации што ги штитат руските интереси – рече Евгениј Пригожин во видеото објавено викендов, пренесе Ројтерс.

Шефот на „Вагнер“ во петокот рече дека неговите единици практично го опколиле Бахмут, но во неделата тој се пожали дека поголемиот дел од муницијата што Москва им ја ветила сè уште не била испорачана.

– Засега се обидуваме да ја откриеме причината: дали е тоа обична бирократија или предавство – рекол Пригожин.

Тој во видеообраќањето на неговиот канал на Телеграм, како што додава Ројтерс, кажа дека ако неговите трупи се повлечат, тие засекогаш ќе бидат запаметени како луѓе што го направиле главниот чекор кон губење на војната.

Пригожин редовно ги критикува шефовите на руската одбрана и главните генерали на Русија. Минатиот месец тој го обвини министерот за одбрана Сергеј Шојгу и другите за предавство за задржување на испораките на муниција на неговите луѓе.

Зачлени се на нашиот е-билтен