Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ангелов: И ВМРО-ДПМНЕ преговараше за името, но се сомневам дека ќе успееја да го зачуваат идентитетот, како што направи СДСМ

„Додека тие нас не обвинуваат дека ние сме предавници кои што го промениле македонското име, забораваат дека истите тие со години наназад преговаараа, за што? За промена на името на Република Македонија. Токму ВМРО – ДПМНЕ водеа интензивни преговори за промена на името, но нивната промена ќе била малку поубава од онаа што ја направи Владата на Зоран Заев“ рече Стојанче Ангелов на трибина на СДСМ во ноември 2019 година.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не зборуваше за прекинување на преговорите за името, туку напротив цело време зборуваа за преговарање.

„Така што, верувајте дека и по некоја случајност и несреќа за државата да останеа на власт, тие ќе го променеа името но се сомневам дека ќе успеаја да го зачуваат македонскиот идентитет. Нешто што го направи токму оваа Влада“ рече Ангелов во 2019 година.

Сега, Ангелов и неговата партија Достоинство, влегуваат во коалиција, токму со таа ВМРО-ДПМНЕ, која ја обвинуваа за лажен патриотизам.

Зачлени се на нашиот е-билтен