Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Костадиновска-Стојчевска: Да бидеме гласни и обединети против говорот на омраза и родово насилство

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на панел-дискусијата „Предизвиците на говорот на омраза: Еманципација и еднаквост на жените во политиката“ што се одржа во „Мала станица“ рече дека треба да сме гласни и обединети против говорот на омраза со што ќе покажеме дека тоа не е новото нормално.

„Да не бидам гласна, храбра, независна како тие што рекламираат кредити туку да бидам гласна затоа што говорот на омраза ни се случува на сите“, потеницираше Костадиновска-Стојчевска.

Споделувајќи го своето негативно искуство со говорот на омраза на социјалните мрежи, министерката за култура истакна дека не треба да има толеранција кон говорот на омраза кој е многу присутен на социјаните мрежи.

„Не сум меѓу првите кои доживеале говор на омраза на социјалните мрежи, но сакам да сум меѓу  последните што ќе бидат мета на овој говор на омраза, од кој се чувствувам непријатно“, рече министерката за култура, истакнувајќи ја потребата од повеќе механизми за поддршка и законски измени во насока на спречување на оваа несакана појава.

„Денес е светски ден на театарот, а дел од денот поминав  со младите од ФДУ, со кои се согласивме дека треба да ја вратиме назад културата на одење во театар. Сметам дека ако најголемата моќ доаѓа преку културата, тогаш темата говор на омраза, семејство насилство треба да биде дел од темите кои почесто се обработуваат во културата. Не само преку културата, туку и преку сите облици да ги едуцираме децата со какви појави можат да се соочуваат“, додаде министерката за култура.

Истакнувајќи дека жената во политиката е лесна мета, а предизборието, како што се вели е „сезона на отстрел“, Костадиновска-Стојчевска нагласи дека е прифатлива критиката за она што го работиме, но нашиот приватен живот не смее да биде изложен на говор на омраза.

На дискусијата на која се истражуваше сложената динамика на говорот на омраза кон жените во политиката, поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска- потпретседателка на Партијата на европските социјалисти која рече дека секој од нас минал низ некакво вид на онлајн насилство, а ако темата насилство кон жените ја сведиме само кон жените во политиката, ќе напривиме грешка.

„Нема само насилство во политиката, тоа може да и се случи на секоја жена. Сите анализи покажуваат дека ние сме врвот на ледениот брег, а глобален тренд е дека 78 проценти од жените се соочуваат кон ваков вид на вознемирување, а според некои истражувања 27 пати повеќе е поголема веројатноста дека жена ќе се соочи со ваков вид насилство“, рече Шекеринска, која истакна дека дури и најсовремените земји не успеваат да најдат одговор во борбата против родовото насилство што е навистина поразително.

Поранешната министерка за одбрана додаде дека платформите го стимиулираат и го наградуваат насилството, и како што рече „кога ќе го нормализираме насилството, прашање на време кога тоа ќе стане фактор“.

„Мора да покажеме кон некој ќе ја помине црвената граница, дека тоа не е нормално“, рече Шекеринска додавајќи дека потребна е промена на законите со што ќе се направи насилниците да почуствуваат казна.

Претседателката на Форумот на жени на ПЕС и сегашен член на Унгарскиот парламент Зита Гурмаи во видео-обраќањето рече дека родовото насилство, влучувајќи го и говорот на омраза преставуваат една од многуте закани за постигнување на родовата еднаквост.

„Говорот на омраза е една од многуте форми на насилство врз жените, кој што ги спречува во практикувањето на правата за рамноправност и живеење во рамноправно општество. Жените се половина од нашето општество и би требало да бидат рамноправно застапени во политиката и да имаат улога во донесувањето одлуки на секое ниво“, истакна Гурмаи, која дополни дека сепак, застапеноста на жените во политиката не е на потребното ниво.

Билјана Борзан од Хрватска, пратеничка Европскиот парламент рече дека политичкото насилство се користи за да се запрат жените во политичкото делување.

„Во Европската Унија дури 4 од 5 политичарки доживеале некаков облик на насилство, најчесто станува збор за понижување и сексистички напади, но за жал не се ретки ни силувањата, закани со смрт и физички напади“, истакна пратеничката Борзан, која додаде дека дури една четвртина од политичарките, денес во ЕУ, значи во 2024 година, доживеале сексуални напади.

Панел-дискусијата се одржа со бројно присуство, а организирана беше од  Институтот за социјална демократија „Прогрес“

Зачлени се на нашиот е-билтен