Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, оваа недела изјави дека Косовскиот премиер, Албин Курти, по влезот на Косово во Советот на Европа, ќе покрене обвинение против Србија за злосторствата извршени за време на војната во 90-тите.
Запрашан за изјавите на Курти дека ќе бидат покренати обвиненија против Србија, Вучиќ рече дека Курти тоа чека да го направи преку друга земја, бидејќи „Косово не може затоа што не е целосно меѓународно признаено“ и дека „тоа ќе му биде тешко“, пренесуваат косовските медиуми.
„(Курти) се заканува токму поради Советот на Европа, поради тоа што му го дозволија Дора Бакојани и западните земји, тој преку нив ќе ги искористи институциите на таа организација (СЕ) да поднесе обвинение против Србија. Сето ова е дел од големиот план за притисок и напад на Србија, како што и сум рекол“, изјави Вучиќ, цитиран од српските медиуми.