Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: Силјановска нема државнички капацитет, таа едноставно е продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска е едноставно продолжена рака на ВМРО – ДПМНЕ, порача во ТВ дуел со Христијан Мицкоски, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

„Тие се обидоа на почетокот да ја претстават како независен кандидат, за тоа се обидоа и да креираат ВМРО – ДПМНЕ како партија одредена фама, дека се собрани 28, 29.000 потписи за кои се испостави дека или се непостоечки или дел биле фалсификувани и затоа не беа ни поднесени што на крајот доведе Силјановска да биде кандидрирана со 40-тина потписи на пратеници“, рече Ковачевски.

Лидерот на СДСМ оцени дека Силјановска Давкова нема лидерски капацитет и истакна дека овие избори се избори помеѓу надеж и безндежност.

„Таа покажа дека нема лидерски капацитет и никаква одлуичност при носењето на важни одлуки за државата. Кога зборуваме за тоа што им треба на граѓаните и што им треба на овие избори, овие избори се меѓу надеж и безнадежност, избор меѓу европска интеграција и изолација и ако треба да ги видиме застапнците и кој е тој кој се застапува за надеж и европската интеграција тоа е Стево Пендаровски, виз а ви кандидатот Гордана Силјановска која единствено по што ја паметиме се репликите во однос на потребата Северна Македонија бескрајно да го одложува носењето на потребните одлуки за интеграција на СМ во ЕУ. Вие можете да замислите како би изгледала да не претставува во НАТО или на самитите на ЕУ човек кој што секогаш бил против носење на одлуки за зачленување во НАТО и за продолжување на европскиот пат на државата. Затоа сметам дека победничкиот кандидат кој нуди визија, одлучност и лидерство СМ да стане тоа што граѓаните го сакаат а тоа земја членка на ЕУ, е претседателскиот кандидат Стево Пендаровски“, посочи Ковачевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен