Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вината на Отворен Балкан и годинава на престижниот саем на вина во Верона

Водечките вина од Србија, Северна Македонија и Албанија ќе бидат претставени во павилјонот „Винска визија на Отворен Балкан“ организиран од Стопанската комора на Србија (ПКС) на саемот за вино „Винитали“ во Верона од 14 до 17 април, пред околу 1.200 најголеми купувачи и бројни учесници и посетители, јави дописникот на МИА од Белград.

-Посетителите ќе можат да се запознаат со 150 етикети на вина од сите региони и лозови насади на Србија, со овошни ракии, како и со гастрономски специјалитети од Балканот како дел од презентацијата на манифестацијата „Food Vision“, соопшти ПКС.

Целта на „Винската визија на Отворен Балкан“ на саемот во Верона е нов бизнис за винарите од земјите учеснички на Отворен Балкан, како и за повеќе странски купувачи на Вториот саем за вино во Белград, кој ќе се одржи од 22 до 24 ноември.

Иницијативата за организирање на првата „Винска визија на Отворен Балкан“ ја покренаа претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија-Димитар Ковачевски и Албанија-Еди Рама.

На 56. саем „Винитали“ учествуваат рекорден број големи купувачи-1.200, а се очекуваат и рекорден број посетители, изложувачи и купувачи – увозници, дистрибутери и нивни здруженија од Европа, особено од Велика Британија, но и од целиот свет – од САД, Канада, Северна, Централна и Јужна Америка, Кина, Азија и Океанија до Африка

Зачлени се на нашиот е-билтен