Во текот на кампањата за претседателските избори, опозициската ВМРО-ДПМНЕ редовно повторуваше дека нивната кандидатка за претседателка ќе оствари убедлива победа и ветија разлика од над 100 илјади гласови.
Мицкоски неколку пати повтори дека разликата помеѓу кандидатката на неговата партија и противкандидатот од владејачката СДСМ ќе биде повисока од 100 илјади гласови во првиот круг и дека на тој начин ќе се прати порака за вториот круг.
Ваквите најави на Мицкоски, но и на останатите високи функционери во партијата, одат во насока на оперативниот план на партијата, кој беше објавен во медиумите, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да креира еуфорија со лажни анкети и вести.
Согласно еуфоријата креирана во предизборието, за ВМРО-ДПМНЕ неуспех ќе биде неостварувањето на ваквиот резултат, што дополнително ќе ја падне вештачки создадената еуфорија и пред парламентарните избори на 8 мај.