Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бисера Костадиновска – Стојчевска го честита Светскиот ден на книгата и авторското право – 23 Април

Во честитката, како што соопшти Министерството за култура, Костадиновска-Стојчевска наведува дека тоа е ден кога се слави моќта на пишаниот збор и творештвото на авторите.

– Наша одговорност и голема чест е да продолжиме да ги негуваме вистинските литературни вредности, да им ја откриваме радоста на читањето на помладите, да ги промовираме книгите пред поширока публика и да го заштитуваме авторскиот труд, вели министерката за култура.

Таа додава дека продолжува поддршката на авторите кои со својата креативност и труд го обликуваат  светот.

– И во ова време на дигитализација и брза размена на информации и содржини, книгата, како софистициран израз на човековата мисла, останува важен дел од нашата култура и секогаш ја има поддршката од Министерството за култура, порачува Костадиновска-Стојчевска.

На Светскиот ден на книгата и авторското право, светот посебно внимание посветува и на заштитата на авторскиот труд и интелектуалната сопственост. Затоа, вели министерката за култура: „Продолжуваме кон целосно имплементирање на европски закони и стандарди за да ја унапредиме заштитата на авторското право, прашање од големо значење за културниот развој на општеството преку создавање нови вредни дела“.

Зачлени се на нашиот е-билтен