Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Голем верижен судар во близина на Будимпешта, повеќе лица се тешко повредени

Страшна сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопат во Унгарија. Повеќе од 40 камиони и автомобили биле дел од верижниот судар на 26-от километар од автопатот М1, што најверојатно се случил поради бура од прашина. Веднаш по несреќата избувнал пожар.

Полицијата во Будимпешта соопшти дека повеќе десетици луѓе се повредени, од кои некои се наоѓаат во животна опасност.

Засега нема информации дали меѓу повредените има македонски државјани.

Според првичните податоци, во сообраќајката изгореле 19 возила, а повредени се вкупно 36 лица, од кои шест се здобиле со животно загрозувачки повреди, а 13 лица се здобиле со тешки телесни повреди. На местото на настанот пристигнале десет возила на брза помош и три спасувачки хеликоптери, како и пожарникарски екипи.

Врз основа на првичните информации, во моментов на болничко лекување се наоѓаат 25-30 повредени лица, но тоа се уште не се конечни бројки. Неколку возила се запалени, а истрагата е во тек. Во моментов потрагата за повредените се уште е во тек. Засега првата повратна информација беше дека околу половина од повредените се во тешка состојба, а другата половина се полесно повредени, но на крајот од интервенциите на лице место ќе можам да соопштаам точно колку има и со какви повреди се здобиле. Поради големиот број повредени, ќе ги транспортираме во неколку болници. Со помош на спасувачки хеликоптери тешко повредените многу брзо ќе ги сместиме во подалечни болници, изјави портпаролот на Националната служба за брза помош Пал Ѓерфи.

Г.Т.

Зачлени се на нашиот е-билтен