Носителот на листа на кандидати за пратеници од Изборната единица 2, предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, на средба со граѓаните во Чучер Сандер порача дека на 8-ми мај победува мнозинска Македонија.
„Нека изборните резултати бидат мотивација за уште повеќе да се кренеме, затоа што прогресивна и напредна Македонија е мнозинска Македонија, прогресивна и напредна Македонија е таа Македонија којашто е потребна на сите нас и на идните генерации”, рече Спасовски пред граѓаните на Чучер Сандево.
„Пораката е примена, слушната, тоа е дека единствената вредност во државата е секогаш да бидете рамо до рамо со својот народ. Ние сме тука, посветени заедно за отворање на перспективите на државата. Имаме два кандидата со два концепти застапувани во периодов. Сметам дека треба да се концентрираме да обезбедиме победа за Стево Пендаровски во наредниот период, човек кој може цврсто да стои и да го држи кормилото на Македонија. Не ни личи нам да застанеме и да не се бориме, не застанавме кога зависеше дали ќе останеме живи на 27 април, останавме цврсти, успеавме да се сруши режимот”, истакна Спасовски
„Изборите се нова можност, поддржувачите на СДСМ и коалицијата да бидеме активни, да разговараме со секој еден граѓанин и да ја бараме поддршката, да се извиниме за грешките, да си кажеме за пропустите, да се ветиме тоа што може реално да оствариме. Сето она што беше потреба во 2016 и 2020 е целосно реализирано, што беше директно од дискусијата со граѓаните. И оваа програма се заснова на реални основи кои значат подобар животен стандард за секој, програма која ги третира еднакво сите”, рече Спасовски, потенцирајќи ја одговорноста кон идеалите во однос овие избори.
„Одговорноста на СДСМ е дотолку поглема да направиме се’ да не ги разочараме идеалите и да не ги напуштиме идеалите на нашите предци, оние кои се темелите на македонската современа држава. И точно е дека оваа држава е створена на телемите на Народноослободителна борба и на борбата на партизаните, и тоа никогаш не смее да го заборавиме и никој никогаш нема да биде поголем чувар од СДСМ за овие вредности”, рече Спасовски, додавајќи дека само со СДСМ државата напредува.
„Само СДСМ кога е власт државата напредува, се поместува од место, се остваруваат идеалите и нашите стратешки интетеси. Верувам дека со многу енергија и посветеност, да оствариме националниот интерес, да биде дел од европското семејство, да ги донесеме европските вредности во институции, со реформи кои значат подобри услови за животи, подобра инфраструктура, подобро земјоделие, подобри меѓучовечки односи. Ние мора да ја добиеме најважната битка против криминалот и корупцијата токму преку тие европски вредности”, рече Спасовски. Притоа, тој упати повик до граѓаните масовно да се заокружи бројот 1 на 8ми мај.
„Ова е мотивација за сите нас, од денеска до 8 мај нема застанување, да ги споделиме нашите видувања за иднината низ разговор со граѓаните, бидејќи не смееме да се откажеме од инднината. Масовно на 8 мај за бројот 1!”, заврши Спасовски со своето обраќање пред граѓаните на Чучер Сандево.