Да се преврти некој камион со песок, да го блокира патот, а?
Им ги исклучивме лифтовите…
Кажиму, и него и жена му и децата сите у ендек ќе ги најде, мамицу им ебам комунистичка…
Се држат за рачиња и одат на гласање, душички…
Абе го легнаа пред клозет, еј…, 8 најмалку ќе ги крка… не, него ќе му пуштам у ќелија некој надарен…
Како бе да сокриеш убиство? Леш имаш…
Му теше низ ногавици, хи хи хиии…
Не ни е интерес телевизијата, туку фирмите на Велија… (прва ја затворивте телевизијата, а после и фирмите и Велија и целото семејство на Велија)
А да зееме со динамит, да не ја тупиме многу…
Лустриравте мртви, а на политичките неистомисленици им измислувавте лустрациски процеси. Мртвите по втор пат ги убивте, живите ги умревте пред време…
Пред очите на светската јавност, со полиција ги влечевте пратениците од опозицијата за да изгласате буџет…
На Тричковски му го запаливте џипот, Кежо го апсевте ко у амерички филм, со неизлечиви трауми кај семејството, за да го бутнете во затвор, за дело, за кое, дури сега се потврдува дека било политички терор и реваншизам, мафијашка пресметка…
Мал е овој простор за да се изнапишат примерите за начинот на нивното владеење. Се лажете ако мислите дека нешто ќе се смени во нивните навики. Не, тие не знаат на друг начин да владеат. Внимателно на 8 мај…
Тенкју…
(Извор: ФБ профил на авторот)