Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ: СДСМ е моќна и цврста како бедем кога е најсилно предизвикана, нема откажување

„Од вчера, откако се договоривме да дојдеме тука, 100тина луѓе ме прашаа а што барате во Крушево вие кандидати од сите ИЕ. Одговорот е едноставен, за да почуствуваме дел од победничката и борбената атмосфера и да ја пренесеме во сите ИЕ, низ цела држава. Јас ви ветувам дека оваа срце големо социјалдемократско на Крушево што го почуствуваме вечерва ќе го пренесеме до секое место во секоја ИЕ. И на 8 ми мај ќе славиме исто како во Крушево“, порача секретарот за меѓународна соработка и кандидат за пратеник на Коалицијата за европска иднина Бојан Маричиќ.

На изборниот митин во Крушево, на кој говореа и лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски, Славјанка Петровска, Бисера Костадиновска Стојчевска и Љупчо Николовски, Маричиќ истакна дека во Крушево сите тие и членовите на СДСМ се уште повеќе инспирирани да не се откажат од постигнување победнички резултат на изборите.

„Не се откажаа славните војводи на Македонската револуционерна организација кога ја основаа Крушевската Република, ниту партизаните во вториот Илинден со АСНОМ се оствари вековниот сон – држава на македонскиот народ и на сите други кои се собраа заедно да го остварат вековниот стремеж покажувајќи пример за пркос, визија и одлучност. Нема откажување велиме и ние кои денес сакаме ја градиме нашата борба за успех на изборите на 8 мај“, потенцираше Маричиќ.

Тој посочи дека е „гласна е пораката на граѓаните од првиот круг на претседателските избори, но дека СДСМ е партија која е прекалена во тешки битки со големи победи и секогаш достоинствена и моќна, цврста како бедем кога е најсилно предизвикана“.

„Од 91 до денес сите клучни одлуки се донесени од СДСМ и граѓаните, носени со ладна глава и топло срце за Македонија. За нас, за нашите деца и за идеалите на нашите предци. Одлуки за најважните и најдраматичните  настани со кои сме го зацрствувале темелот и обезбедувале напредокот на Македонија“, нагласи Маричиќ.

Бојан Маричиќ потенцираше дека Македонија ќе продолжи поплочен по храбрите државнички одлуки на СДСМ.

„Го плукаа и омаловажуваа членството во НАТО за да денес велат дека сме горда НАТО членка која ќе ги почитува стандардите. Исто така ќе биде и со почетокот на преговорите со ЕУ, тоа што денес го плукаат утре ќе го фалат затоа што се лажни партиоти затоа што се демагози и популисти. Така било во миантото, така е сега, така ќе биде и во иднината“, рече Маричиќ.

На митингот во Крушево Маричиќ истакна дека Македонија повеќе од било кога е на добар пат да бидеме дел приказната на европското обединување, солидарност и економска соработка. Во цела Европа.

„Тоа е пат на напредок, наместо изолација. Пат на заедништво, наместо на националистичко позиционирање и јачање. СДСМ жестоко ќе им се спротивстави на погубнтеи политики“, порача порача секретарот за меѓународна соработка и кандидат за пратеник на Коалицијата за европска иднина Бојан Маричиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен