Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВИДЕО „Полиграф“: Кој објави дезинформации за резултати од излезни анкети на изборите?

На денот на Претседателските избори и за време на изборниот молк на 24 април, на социјалните мрежи и во медиумите се ширеа наводни резултати од ЕXIT POLL или излезни анкети, кои не беа објавени јавно од ниту една организација или агенција.

На пример, неколку Фејсбук страници објавија инфографик со наводни резултати од излезна анкета од 14 часот. Дел од објавите беа проследени со тврдење: “Таравари убедливо пред Османи, резултати од EXIT POLL“.

И во студиото на Канал 5, гостинот Драган Павловиќ Латас веднаш по 19 часот се повика на податоци „според анкети на една голема агенција“, односно, според излезни анкети: „Според анкети на една голема агенција која има искуство и работела и со СДСМ и со ВМРО, тие, според излезни анкети, проценуваат разлика од  80 до 100 илјади гласа…Проценка е разлика 80 до 100 илјади гласа во корист на кандидатката за претседател Силјановска на ВМРО-ДПМНЕ“.

Но, ваквите тврдења со покажаа како неточни. Прво, пребарувањето на интернет и на агрегаторите на вести покажува дека ниедна организација или агенција не објави официјално дека прави излезна анкета во текот на изборниот ден, ниту пак објави вакви резултати.

Второ, според наводната излезна анкета до 14 часот имало излезност од 24.71%, а според ДИК, речиси иста излезност имаше еден час порано.

Трето, резултатите од „излезната анкета“ се далеку од реалните. Резултатите објавени од ДИК покажаа дека Таравари не водел убедливо пред Османи, а ниту Ванковска и Јакимовски имале поголем процент на гласови од Димитриевски. И „проценката“ на Драган Павловиќ Латас за 80-100 илјади гласа разлика во корист на Силјановска е далеку од реалната разлика, која е над 182 илјади гласови.

Токму затоа, сите овие тврдења од наводни излезни анкети што и се пласираа на јавноста може да се оценат како дезинформации или обиди за манипулација.

(СМК)

Зачлени се на нашиот е-билтен