Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВИДЕО Стојановски: Од наративот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се хранат двете партии и билдаат рејтинг, а жртва на крајот се граѓаните

„Од наративот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се хранат меѓу себе и двете партии и билдаат рејтинг, а најголема жртва се СДСМ и албанската опозиција и на крај граѓаните. Кога тие наративи доминираат, кои удираат на екомоции на луѓето, тешко е вие да продадете рационална и прагматична политка“, рече новинарот и уредник на „Фокус“ , Влатко Стојановски во утринската програма на „Слободен печат“ и „Градска.мк“.

Тој додаде дека истата ситуација потсетува и на 2006 година, кога премиер на Владата предводена од СДСМ беше Бучковски, кој беше прагматичен, со добиен кандидатски статус со ЕУ, признавање на уставното име од САД, но тоа на изборите се покажа како недоволно.

„Како што сега не е доволно членството во НАТО, почеток на преговорите со ЕУ, решен црковен спор, не е доволно, бидејќи опозицијата јава на бранот на отпорот на уставните измени. Исто како што во 2006 ВМРО-ДПМНЕ јавна на бранот на референдумот против територијалната поделба“ рече Стојановски.

Тој додаде дека и тогаш имаше дел од СДСМ кој се откина од партијата, во НСДП на Тито Петковски, како што сега тоа го прави ЗНАМ на Максим Димитриевски.

Стојановски посочи дека на 27 април, условно кажано беа на спротивни страни, Димитриевски беше во прес-центарот заедно со пратениците на СДСМ и ДУИ, а МИцкоски беше пред собранието со дел од демонстрантите.

„Но, соработка за локалните избори имаше меѓу ВМРО-ДПМНЕ и тогаш Алијанса за Албанците, чиј лидер помина најлошо и беше најкрваво претепан“, рече Стојановски.

Тој додаде дека тоа покажува дека во политиката брзо се забораваат работите, а доминира политичкот интерес за обезбедување на мнозинство и доаѓање на власт.

„Коалицијата помеѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ не само што е можна, туку е и речиси извесна. Подолг период сите јавни изјави и пораки меѓу двете страни, претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ одат во насока на идна соработка, која треба да финишира со коалиција“, рече Стојановски.

Тој говореше и за Левица, која ако го повтори овој резултат на парламентарните избори, тоа значи дека партијата ниту ќе има пад, ниту раст, туку ќе стагнира, што во вакви околности и амбиент е неуспех за Левица.

Стојановски додаде дека Левица популарноста ја доби откако ја држеше популистичката линија и екстремност, која недостигаше во ВМРО-ДПМНЕ, со што се факторизираа на изборите во 2020 година.

Како што кажа Стојановски, Левица допре до поекстремните гласачи на ВМРО-ДПМНЕ, а сега фокусот им бил и на враќање на левичарските гласови, односно незадоволните од СДСМ, но во меѓувреме се појавија Максим Димитриевски и ЗНАМ и им зедоа дел од тие гласачи.

„Радикализирањето на ВМРО-ДПМНЕ и појавувањето на ЗНАМ го спречи подемот на Левица и тоа е причина за овој резултат“, рече Стојановски.

Зачлени се на нашиот е-билтен