Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ристова: Ние инвестираме во сегашноста и иднината, а ВМРО-ДПМНЕ не враќа во минатото

„Ние инвестираме во сегашноста и иднината, а ВМРО-ДПМНЕ не враќа во минатото. Затоа на 8 мај е моментот на одлука, на 8 мај мора масовно да излеземе и да гласаме за нешто СДСМ, за нашата идеја која не води само напред“, рече кандидатката за пратеничка, Лолита Ристова на митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Неготино.

Таа додаде дека како пратеничка во Собранието, заедно со мнозинството предводено од СДСМ, реализирале реконструкција на 50 километри локални улици и патишта во Неготино, а се финансирале и изградба на нова детска градинка и социјална зграда.

„За Неготино имаме обезбедени и 750 илјади евра за користење преку Министерството за животна средина за подобрување на водоснабдувањето и отпадните води. Горда сум на обезбедените средства и за надградба на постојниот мамограф и останатата современа здравствена опрема“ рече Ристова.

Таа додаде дека следуваат убави денови, нови проекти и голема перспектива за сите со Програмата за европска иднина на СДСМ и Коалицијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен