Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Уметниците во јавниот сектор во В. Британија имаат примања далеку под минималната плата

Уметниците кои работат во јавниот сектор во Обединетото Кралство се борат да опстанат со ниски хонорари, неплатен труд и системска експлоатација, покажува истражување, пренесува Гардијан.

Истражувањето спроведено на луѓе ангажирани од водечки галерии до помали проекти покажа вкупна просечна исплата на саатнина од 2,60 фунти на час, или драматично под минималната плата во Обединетото Кралство која изнесува 9,50 фунти.

Истражувањето открива колку уметници, особено оние помалку привилегиранирте, треба да работат повеќе дополнителни работи за да опстанат. Некои кажаа дека решиле целосно да го напуштат уметничкиот свет за да го заштитат своето ментално здравје и финансиска сигурност.

Од анкетираните, 76% пријавиле хонорари под минималната плата, додека 74% од испитаниците рекле дека сметаат дека добиениот хонорар за уметник е неправеден во однос на обемот на работата.

Паушалните суми се вообичаен начин на плаќање за уметниците се вели во извештајот, насловен „Structurally F*cked“.

„Industria“, заедничкото име на двајца уметници кои се коавтори на извештајот по анкетирање на повеќе од 100 врсници, велат дека тоа дошло во време кога кризата на трошоците за живот, по 12 години намалувања, „се заканува да го апсорбира и она малку што останало од самофинансираните финансиски маржи со кои работат мнозинството уметници“.

„Во овој контекст, хронично недоволно финансираните јавни уметнички институции, соочени со сè помали буџети,и и се чини дека уметничките работници го понесуваат најтешкиот товар од овие кратења“, велат тие.

Извештајот, кој е нарачан од „a-n“, кој ги застапува уметниците, вклучува сведоштва на многумина кои одговориле на анкетата, вклучително и еден уметник кој рече: „Кураторот што го организираше го искористи мојот инвалидитет, секој пат кога ги доведував во прашање договорите и висината на платата, правеше ситуација да се чувствувам виновен што прашав“.

Уметнички сојуз Англија, Шкотска унија на уметници и Праксис унија на уметници од Ирска се нагласени во извештајот како синдикати во кои уметниците треба да размислат да се приклучат.

Неодамнешните податоци од Канцеларијата за национална статистика открија дека процентот на актери, музичари и писатели кои се од работничка класа се намалил за половина, од 16,4% креативни работници родени помеѓу 1953 и 1962 година на само 7,9% од оние родени четири децении подоцна.

Уметничкиот совет Англија, кој го надгледува системот за финансирање на уметноста во Англија и е  јавно тело на Одделот за култура, медиуми и спорт, рече дека е посветено да се осигура дека оние кои работат во културниот и креативниот сектор се правилно и правично платен.

Подготви: Ј. Ѓ. (Фронтлајн)

Најново