Полицијата ги „сардиса“ тротинетџиите, 871 прекршок за еден месец

Полицијата во септември регистрирала 871 сообраќаен прекршок кај возачите на електрични тротинети низ Македонија, од кои дури 377 се за неносење заштитна кацига. Најмногу неправилности се откриени на подрачјето на Битола, а во рамките на контролите се евидентирани и осум случаи на безобѕирно управување со моторно возило.

Според Министерството за внатрешни работи, Секторот за сообраќајни работи во текот на септември спровел засилени контроли на целата територија на државата, насочени кон откривање и санкционирање на возачите на електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните прописи.

Најголемиот дел од прекршоците се однесуваат на некористење заштитен шлем, што останува еден од најчестите проблеми кај возачите на електрични тротинети.

На подрачјето на СВР Битола се регистрирани 290 прекршоци, најмногу во државата. Мобилната единица за безбедност на сообраќајот утврдила 167 неправилности, СВР Охрид 125, а СВР Струмица 113 прекршоци.

Останатите неправилности се констатирани на подрачјата на другите сектори за внатрешни работи.

Во рамките на септемвриските контроли се евидентирани и осум случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Покрај прекршоците кај возачите на електрични тротинети, полицијата утврдила и дополнителни 5.362 прекршоци кај други учесници во сообраќајот.

За сите констатирани неправилности се преземени соодветни законски мерки.

Од МВР најавуваат дека засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период, со посебен акцент на користењето заштитна опрема, почитувањето на сообраќајните правила и движењето по пропишаните површини.

Министерството апелира до возачите на електрични тротинети задолжително да носат заштитна кацига и да не ја загрозуваат безбедноста на пешаците и другите учесници во сообраќајот.

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?